Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Бисинов и Гостивар ќе играат во големото машко финале на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов

РК Бисинов и Гостивар ќе играат во големото машко финале на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов

Се одиграа и полуфиналните натпревари во машкиот дел кај генерацијата родени 2004/05 на турнирот Вардар, еден живот ,една љубов.

Во првото полуфинале се сретнаа екипите на РК Бисинов и РК Карпош од Куманово. Во првото полувреме се играше гол за гол на двете страни и ниту една од двете екипи не успеа да се одлепи на разлика поголема од еден гол. Сепак по првиот дел, РК Карпош беше тимот кој имаше минимално водство од 5:6. На стартот на вториот дел дојде до израмнување на резултатот на 7:7. И во второто полувреме се играше израмнето, се до моментот кога за прв пат на мечот РК Карпош се одлепи на два гола разлика (9:11). Во тој момент екипата од Куманово беше поблиску до финалето. Сепак Бисинов наоѓа сили да се врати во мечот и со серија од 3:0 да поведе со 12:11. Во следниот напад, измранува Карпош за 12:12 и во една неизвесна завршница последниот гол е за екипата на Бисинов, кој слави со конечни 13:12.

Во второто полуфинале се сретнаа екипите на Гостивар и Илинден натпревар кој им припадна на Гостивар. Гостивар беше екипата која прва постигна гол за водство од 1:0, но Илинден во следните пет минути со серија од 0:4 зголемува на 1:4. До крајот на првото полувреме, избраниците на Селмани го израмнуваат резултатот на 6:6. На стартот на вториот дел се играше гол за гол на двете страни. Илинден имаше водство од 10:11, но Гостивар се одлепува со три гола и поведува со 13:11. Ова беше клучниот период за конечниот победник, на крајот конечниот резултат гласеше 16:13.

Тоа значи дека во големото финале ќе играат екипите на Бисинов и Гостивар. Овој натпревар ќе се одигра во големата сала на С.Ц. Јане Сандански со почеток од 18 часот.Од 16:30 часот за третото место ќе играат Илинден и Карпош.