Денес се одиграа натпреварите од третото коло во групите А,Б и В во женскиот дел кај генерација родени 2004/05 година во големата сала на спортскиот центар Јане Сандански. Познати се сите полуфиналисти во овој дел од турниот “Вардар, еден живот, една љубов.
Во првиот натпревар од групата А се сретнаа екипите на Опш.Кисела Вода и РК Кастратовиќ 1. Избраничките на Здравка Дамовска го потврдија пласманот во полуфиналете, откако утрово ја победија екипата на Кисела Вода. Во текот на целиот натпревар, РК Кастратовиќ имаше водство и на крајот заслужено победи. Започнаа со водство од 0:2 и 3:5, за да постигнат пет последователни голови и да зголемат на 3:10, резултат кој беше актуелен на полувреме. Првиот гол во второто полувреме исто така беше дело на РК Кастратовиќ за предност од 3:11. За момент намаали Кисела Вода на 4:11 за да следи нова серија на Кастратовиќ за веќе двоцифрена предност од 4:15. Кисела Вода беше нерамноправен противник, па се што успеа да стори до крај е да постигне само уште еден гол, напротив Кастратовиќ кои ја полнеа нивната мрежа. Конечниот резултат гласеше убедливо во корист на РК Кастратовиќ од 5:22. Ива Ангеловска и Мила Пешиќ постигнаа по 5 гола кај победничкиот тим. Со оваа победа РК Кастратовиќ го освои првото место во групата 1 и денес ќе игра во полуфиналето.
Групата А се комплетираше со натпреварот помеѓу екипите на РК Ангели и РК Асови. Овој меч со минимална победа го добија РК Ангели. На стартот тие имаа водство од 3:2, за до полувреме, екипата на РК Асови да го намали резултатот на 3:2.
Во второто полувреме гледавме неизвесен натпревар, иако екипата на Ангели некако го контролираше резултатот, имаше водство од 6:4 и 7:5, но Асови успеваа да го израмнат резултатот на 7:7. Сепак во финишот подобро се снајде екипата на Ангели, кои славеа со резултат 9:8. Кај победникот се истакна Стефани Ѓорѓиевска со 3 голови.
Во борба за првото место во групата Б се сретнаа екипите на на РК Кале-Кичево и РК Војнисон, што воедно беше и кичевско дерби. Екипата на РК Кале со доминантна игра го доби дербито и најави дека е еден од најголемите фаворити за освојување на првото место на турнирот. Уште од самиот старт наметнаа брза игра на која Војнисон немаше доволно квалитет да одговори на таквата игра, која во првите пет минути им донесе предност од 1:4. Имаше РК Кале и највисока предност во првото полувреме од пет голови разлика (3:8) и до крајот на првите 15 минути ја одржуваа оваа разлика, кога на одмор се замина со резултат 7:11.
Во второто полувреме се зголемуваше разликата, а РК Кале ги имаше расположените Стефаноска и Димитриеска кои го полнеа голот на Војнисон. За одбележување е тоа што во второот полувреме, Сара Стефаноска го бранеше голот на РК Кале. Се беше јасно кога избраничките на Ѓоко Маркоски поведоа со 9:17. Последните пет минути беа само рутина за РК Кале, кои славеа со убедливи 11:20. Ева Димитриеска постигна 7 голови, додека Сара Стефаноска за едно полувреме додаде 4 погодоци. РК Кале е првопласиран во оваа група.
Во групата В третото коло го отворија екипите на РК Кастратовиќ 2 и РК Будимир. Победа забележа екипата на РК Кастратовиќ која по првото полувреме имаше водство од 6:0. На стартот на второто полувреме, екипата на Будимир го постигна првиот гол за намалување на резултатот. До крајот на мечот, екипата предводена од Здравка Дамовска го зголемуваше резултатот, за конечни 12:3 на натпреварот. Јана Поповска постигна 4 голови кај победничката екипа. РК Кастратовиќ 2 како најдобро второпласирана екипа обезбеди пласман во полуфиналето.
Во рамките на групата Б третото коло го затворија екипите на РК Вардар-Виница и РК Вардар ДБ. Победата беше за екипата на РК Вардар-Виница. РК Вардар ДБ добро го започна мечот и поведе со 0:2, но до крајот на првото полувреме, успева екипата на РК Вардар-Виница да го израмни резултатот на 4:4. Во второто полувреме се играше гол за гол, РК Вардар ДБ имаше и водство од 6:7 но до крајот на натпреварот не постигна ниту еден гол. Тоа го искористи екипата од Виница која постигна четири голови во серија и на крај славеше со резултат 10:7. Сара Јованова постигна 3 гола кај победничката екипа.
Во групата В, екипата на Ново Лисиче стигна до нова победа и го потврди пласманот во полуфиналето. Избраничките на Аврамовска немаа поголеми проблеми во дуелот со екипата на РК Филип. Имаа водство од 0:6 а до крајот на полувремето зголемија на 2:12. Во второто полувреме, екипата на Прилеп не успеаа да постигнат гол, напротив Ноов Лисиче кој даде уште осум погодоци, за конечен резултат од 2:20. Бојана Коцева и Софија Ставрова постигнаа по 5 голови. На тој начин Ноов Лисиче го освои првото место во оваа група.
Познати се полуфиналните двојки на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ во оваа генерација.
Кастратовиќ Вардар 1 – Ново Лисиче Вардар 14:10
Кале Вардар – Кастратовиќ Вардар 2 15:00