Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Бисинов од Велес и РК Преспа Вардар од Ресен ќе играат во големото финале турнирот, кај генер. 2006/07 Преспа
Бисинов од Велес и РК Преспа Вардар од Ресен ќе играат во големото финале турнирот, кај генер. 2006/07 Преспа

Бисинов од Велес и РК Преспа Вардар од Ресен ќе играат во големото финале турнирот, кај генер. 2006/07 Преспа

Екипите на Бисинов од Велес и Преспа од Ресен ќе играат во големото финале, на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ кај генерацијата родени 2006/07 година. Тие во денешното полуфинале ги совладаа екипите на Будимир и Балтепе.

1

Со мал број на постигнати голови, Бисинов успеа да го добие дуелот со екипата на Будимир. Во текот на целото прво полувреме, велешани имаа предност, а Будимир успеа во еден наврат да го израмни резултатот на 2:2. На одмор се замина со минимална предност на Бисинов од 2:3.

2

Решавачкиот чекор кон пласманот во финалето, тимот на Бисинов го прави на стартот на вториот дел кога направи серија од 0:3 и зголеми на 2:6. Касно се разбудија избраниците на Андријана Будимир кога со обидоа со пресинг на противничката половина да го загрозат водството. Успеаа да постигнат два гола и да го завршат мечот со резултат 4:6.

4

Рутинска победа за екипата на Преспа од Ресен, која полесно од очекувањата успеа да ја победи екипата на Балтепе од Тетово. Уште по првото полувреме се знаеше победникот, кога избраниците на Ангелковски имаа предност од 7:1. Во вториот дел, Балтепе исто така постигна само еден гол, додека Преспа беше повторно поефикасна. На крајот конечен резултат од 12:2 и обезбедено финале на турнирот.

3