Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Бисинов ја победи Опш.Кисела Вода на натпревар од “Јуниор“ лигата, кај генер. “2006/07
РК Бисинов ја победи Опш.Кисела Вода на натпревар од “Јуниор“ лигата, кај генер. “2006/07

РК Бисинов ја победи Опш.Кисела Вода на натпревар од “Јуниор“ лигата, кај генер. “2006/07

Денес во С.Р.Ц Кале се играа натпревари од второто коло на ракометната “Јуниор“ лига, во различни возрасни генерации.

1

На единствениот натпревар во машкиот дел, кај генерацијата родени 2006/07 година се сретнаа екипите на Бисинов и Опш.Кисела Вода. На овој меч славеше екипата на Бисинов од Велес, со конечен резултат од 13:5. Уште во првото полувреме, тимот на Бисинов имаше солидна предност од 7:1 и ја најави фаворитската улога на овој натпревар. Беше 6:0, за екипата на Кисела Вода да го намали резултатот, а потоа Бисинов да постигне го и да го постави резултатот по првиот дел.

2

Единствено што успеа екипата на Кисела Вода во вториот дел да стори е во два наврати да го намали резултатот на шест гола разлика, кога беше 9:3 и 11:5. Последните два гола на мечот ги постигна Бисинов, за конечен резултат од 13:5 на овој дуел.

3 5

Најефикасни кај победникот беа Пане Ристов и Аце Ристов кои постигнаа по 4 голови.