Нашиот фудбалски шампион, екипата на Вардар се врати на победите во ПМФЛ, откако денес на арената “Филип Втори“ ја победија екипата на Скопје со резултат 3:0. Стрелци на головите беа Фелипе, Џигаури и Максимов.
Тренерот Јаневски стартуваше со следниве 11-сетмина: 1. Алексовски, 8. Марковиќ, 9. Блажевски, 11. Барсегјан, 14. Велковски, 21. Новак, 22. Стојчевски, 23. Демири, 30. Тодороски, 70. Фелипе, 72. Максимов.
Црвено-црните имаа целосна доминација во првото полувреме, каде имаа упатено дури 12 обиди кон противничкиот гол. Уште во првата минута се закани Барсегјан, но голманот на Скопје, Кандикјан спречи погодок уште на стартот од мечот. Првиот удар кон голот на Алексовски го имаше и гостинската екипа, но ништо безопасно. Вардар тргна со сите сили на овој дуел и беше решен да освои три бода, откако на последните три натпревари во ПМФЛ немаше освоено цел “плен“. И во следните два директни удари кон голот на Скопје се закани репрезентативецот на Ерменија, Тигран Барсегајн и тоа во едниот обид кога топката заврши покрај голот и во вториот кога биеше под пречката, но голманот на гостите е најзаслужен што неговиот тим се уште немаше негатива. Можеби најголемата прилика за отварање на резултатот ја имаше Максим Максимов, кој од непосредна близина бие само покрај голот на Скопје. Пред да ја затресеме мрежата на противникот, Новак исто така можеше да биде играчот кој ќе го отвори резултатот, но неговиот удар со глава го погоди дирекот од голот на противникот. Сепак не можеше вечно гостинот да има среќа, па следни ново ремек дело на Хуан Фелипе, кој со силен удар од околу дваесеттина метри го погодува голот на Скопје, за предност на црвено-црните од 1:0. Со овој резултат се замина на одмор.
Продолжи офанзивната игра и во второто полувреме, кога веднаш на стартот имавме прилика преку Барсегјан, на кој му асистираше Максимов. Тигран ја смири топка шутираше, но повторно одлично брани Кандикјан. Дефинитивно најактивни во овој дел од натпреварот беа Максимов и Барсегајн, кои повторно се најдоа во акција, но резултатот остана непроменет. Вардар пропошти нова голема прилика, кога Дејан Блажевски излезе сам со противничкиот голман, кој повторно излегува како победник и не дозволува поголема негатива за неговиот тим.
Добрата игра на денешниот меч ја крунисува Максим Максимов, кој го постигна својот прв гол во дресот на Вардар и тоа откако доби топка во празно од Стојчевски, рускиот интернационалец не греши пак и ја сместува топката во мрежата на Скопје, за водство на Вардар од 2:0. Тренерот Јаневски ги направи и првите измени во нашите редови. Од терен излегоа Фелипе и Барсегјан, а во игра влегоа Исени и Џигаури. Токму интернационалецот од Грузија, Џигаури успева да се запише во листата на стрелци и да го зголеми резултатот на 3:0.
По три натпревари, екипата на Вардар конечно победи, денес радуваше офанзивната игра во текот на целиот меч, каде можевме да постигнеме и повеќе голови.