Денес во спорткиот рекреативен центар Кале продолжија натпреварите од второто коло на ракометната “Јуниор“ лига.а единствениот меч во женска конкуренција кај генерацијата родени 2006/07 година се сретнаа екипите на РК Опш.Кисела Вода и РК Ново Лисиче.
Убедлива победа славеше екипата на РК Кисела Вода со резултат од 14:5. Одлично започна натпреварот за Кисела Вода, која имаше водство од 6:0 и најави дека ќе ги освои бодовите на овој дуел. Оваа разлика ја задржаа и по истекот на првите 15 минути кога резултатот на семафорот гласеше 9:3. Вториот дел започна со гол на Кисела Вода, која стигна до најголеми седум голови позитива (10:3). Имаа и двоцифрена предност од 14:4, за натпреварот да заврши со конечен резултат од 14:5. Максимовска постигна шест голови додека пет беа дело на Стојановска, кај победничката екипа.