Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победи за РК Карпош, Будимир и Опш.Кисела Вода, во машкиот дел на “Јуниор“ лигата, кај генер. 2004/05
Победи за РК Карпош, Будимир и Опш.Кисела Вода, во машкиот дел на “Јуниор“ лигата, кај генер. 2004/05

Победи за РК Карпош, Будимир и Опш.Кисела Вода, во машкиот дел на “Јуниор“ лигата, кај генер. 2004/05

Денес во спортскиот рекреативен центар Кале започна ново коло во рамките на ракометната “Јуниор“ лига. Се одиграа три мечеви во машкиот дел кај генерацијата родени 2004/05 година.

2

На првиот натпревар во оваа генерација во машка конкуренција се сретнаа екипите на РК Карпош од Куманово и РК Опш.Кисела Вода. На овој меч убедливи беа РК Карпош, кои славеа високо со резултат 32:5. Уште на стартот се виде дека Карпош е поквалитетен кога ги постигна првите девет гола на натпреварот и поведе со 9:0, за рвиот гол Кисела Вода да го постигне дури по десет минути игра и да го намали резултатот на 9:1.

1

Сепак тоа не ги охрабри Кисела Вода, кои му дозволуваат на Карпош да направи нова серија од 7:0 и да имаат убедливи 16:1. Последните два гола во првиот дел ги постигна Кисела Вода, за да го намали резултатот на 16:3, со кој се замина на полувреме.

3 4

Интересно е што ист број на постигнати голови имаше РК Карпош и во второто полувреме, наспроти само два за екипата на Кисела Вода, која не можеше да избегне висок пораз по истекот на 40-те минути, кога конечниот резултат гласеше 32:5. Речиси скоро половина од погодоците кај победничкиот тим беа дело на Димевски кој постигна дури 14 голови и го предводеше својот тим кон победа.

1

На вториот натпревар во истава генерација се сретнаа екипите на РК Ангели и РК Будимир. Тука славеше РК Будимир со резултат 14:17. На почетокот имаше резултатска неизвеснот кога резултатот беше 2:3, за да следиме серија на Будимир од 0:4 и резултатско прво одлепување (2:7). Иако тренерот Андријана Будимир играше само со седум ракометари, односно без замени, тоа не им пречеше на крајот да го победат противникот. Предноста која ја стекнаа на средината на првото полувреме ја задржаа и до крајот, кога на пауза се замина со резултат од 5:10.

2 3

Првите два гола во второто полувреме ги постигна екипата на Ангели за да го намали резултатот на 7:10, а во следните две минути и на 9:11. Беше и 10:12, за екипата на Будимир да го направи решавачкиот исчекор кон победата,кога со серија од четири последователни погодоци, зголеми на 10:16. Внесе само мала неизвесност, екипата на Ангели, кога стигна до два гола негатива 14:16, но следеше брз гол на Будимир, со кој ги поставија конечните 14:17 на овој натпревар. Прв стрелец кај победничкиот тим беше Симоновски со 0сум постигнати голови.

4 5

6

На третиот натпревар во оваа генерација се сретнаа екипите на РК Вардар ДБ и Опш.Кисела Вода. На овој дуел славеше екипата на Кисела Вода, со резултат 7:19. Во текот на целиот натпревар екипата на Кисела Вода имаше водство и започна со предност од 0:2. Во првиот дел водството нивно се движеше од 2-4 гола разлика, за на полувреме да имаме резултат од 5:8. Сите дилеми околу победникот беа решени на стартот од второто полувреме, кога Кисела Вода направи серија од четири последователни голови и зголеми на 5:12. Само за момент намали екипата од Кавадарци за намалување на 7:12, за до крајот на натпреварот да проследиме нова серија на Вардар ДБ, за конечниот резултат да гласи 7:12.

1 2 3

Христијан Петковски беше најрасположен кај победникот,кој постигна вкупно 12 голови. Кај поразените Бошевски беше стрелец на два гола.