Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кисела Вода и Вардар ДБ ги поделија бодовите, на натпревар од “Јуниор“ лигата во женскиот дел, кај генер. 2004/05
Кисела Вода и Вардар ДБ ги поделија бодовите, на натпревар од “Јуниор“ лигата во женскиот дел, кај генер. 2004/05

Кисела Вода и Вардар ДБ ги поделија бодовите, на натпревар од “Јуниор“ лигата во женскиот дел, кај генер. 2004/05

Денес во спорткиот рекреативен центар Кале продолжија натпреварите од второто коло на ракометната “Јуниор“ лига.

2

На единствениот меч во женска конкуренција кај генерацијата родени 2004/05 година се сретнаа екипите на РК Опш.Кисела Вода и РК Вардар ДБ од Кавадарци. На меч со мал број на постигнати голови, или вкупно десет, на крајот двете екипи ги поделија бодовите. РК Вардар ДБ има за што да жали на овој натпревар со оглед дека имаше водство уште од стартот на натпреварот, кога поведе со 0:2, а по истекот на првите 20 минути имаше и предност од 1:4.

1

Во второто полувреме по еден гол постигнаа и двете екипи, за резултат од 2:5. До крајот на натпреварот, екипата од Кавадарци не успеа да постигне ниту еден гол, наспроти Кисела Вода кој успеа да ја анулира негативата и на крајот да се избори за бод, со гол во последните речиси две секунди. Многу шанси пропушти Вардар ДБ, на предност од два гола имаше и неколку напади кои не ги искористи, а последните две минути од натпреварот ги играше и со играч помалку.

3 4 5

Голема радост на крајот за Кисела Вода, која го заврши мечот со нерешен резултат од 5:5. Кај екипата на Кисела Вода, Ива Здравевска постигна два гола, додека интересно кај Вардар ДБ сите пет гола беа дело на Надица Јовановска.