Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јуниор лига: Момците на Бисинов со пресврт над Урдаревски до “бронза“ кај генер.2002/03(м)

Јуниор лига: Момците на Бисинов со пресврт над Урдаревски до “бронза“ кај генер.2002/03(м)

Во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“ се одигра дуелот за третата позиција помеѓу  тимовите на Урдаревски Вардар  и екипата на РК Бисинов. Ова беше меч во генерацијата  2002/2003, во машка конкуренција. Поуспешен тим, кој дојде до бронзата во ракометната Јуниор лига во оваа генерација беше Бисинов.

Први поведоа ракометарите на Урдаревски со два последователни гола на почетокот. Бисинов намали на 2-1, но со два нови гола прв пат Урдаревски отиде на “плус три“ 4-1. Потоа следуваше игра гол за гол , на двете страни паднаа по три гола за иста разлика од три гола. 7-4. По ова следуваше серија 3-0 на Урдаревски кој поведе со 10-4. Сепак Бисинов покажа дека не сака да се предаде во овој меч и до крајот на полувремето со ангажирана игра прави серија 1-4 за на одмор да се замине со 11-8. Момците од Урдаревски како и првиот така и вториот дел го почнаа фуриозно отидоа на плус пет 15-10. Потоа следуваше серија на Бисинов од 5-0, кој дојдоа на егал 15-15, потоа следуваше гол на Урдаревски за прекин на серија и предност од +1, но Бисинов брзо израмни, следуваше уште по еден гол на двете страни, потоа Бисинов со два гола отиде на 19-17, Урдаревски постигна еден погодок до крајот, за конечни 19-18, победа на тимот на Бисинов

Најефикасни кај победниците беа: Стојанов 7, Димов 5, додека пак кај Урдаревски најефикасни беа Глигоровски 9 и Пејковски 4.