Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борозан ќе биде подготвен за дуелот во Загреб
Борозан ќе биде подготвен за дуелот во Загреб

Борозан ќе биде подготвен за дуелот во Загреб

Позитивни вести ни доаѓаат од РК Вардар. Според последните информации, Вуко Борозан ќе биде подготвен за првиот 1/8 финален натпревар и ќе патува заедно со екипата во Загреб.

Борозан како што е добро познато се врати на ракометниот терен на дуелот со Веспрем на домашен терен на 16.02. Овој натпревар нашиот бек шутер не требаше да го одигра бидејќи не беше 100% подготвен, па по натпреварот се чини почувствува нови болки, што го одалечија повторно од терените и ги пропушти сите натпревари на својот тим до овој момент.

Но, веќе тоа е минато. Го очекуваме Борозан во тимот за натпреварите кои ни претстојат, а тие се оние против Загреб во 1/8 финалето и Ф4 завршницата од СЕХА-лигата.

Покрај Вуко и Дисингер ќе биде подготвен за настап во сабота.