Генерацијата на ФК Вардар родени 2009 година денес на терените на ФФМ одиграа два натпревари во рамките на детската лига, коло во кое остварија по една победа и пораз.
Вардар (1) беше убедлив во дуелот со екипата на Смилковци, кој го доби убедливо со резултат од 16:0. По првото полувреме, избраниците на Колевски имаа предност од 6:0. Во овој дел од мечот два гола постигна Јаков Стојковски, додека по еден беа дело на Даниел Колевски, Дарин Михајловски, Васко Папаливски и Павел Котески-Митроски.
Првиот удар во вториот дел го имаше Папаливски, кој шутира само покрај голот на Смилковци, а се обиде и Стојковски, но одбрани голманот. Вардар и во овој дел од мечот имаше голема иницијатива, надигрувајќи го во целост противникот. Со својот втор гол денес, Павел Котески-Митроски донесе водство на Вардар од 7:0, откако погоди после нафрлена топка од корнер. Добра прилика за гол имаше и Марко Петровски, која остана неискористена, додека Котески-Митроски ја погоди само стативата. На нов гол не се чекаше многу време, а истиот го постигна Јаков Стојковски за кој ова беше хет-трик, што значеше предност на Вардар од 8:0.
Во листата на стрелци се запиша и Марко Петровски, за зголемување на 9:0, додека двоцифрена предностна Вардарци донесе Васко Папаливски кој погоди за предност од 10:0. Продолживме да постигнуваме голови, а во листата на стрелци се запиша и Андреј Гудов кој од голема далечина го совладува голманот на Смилковци, за предност од 11:0. После три корни, судијата покажа на белата точка за Вардар, а сигурен реализатор е нашиот голман Марко Баснарков, кој погоди за 12:0. Свој прв гол денес постигна и Матеј Крстевски за предност од 13:0, додека Дарин Михајловски зголеми на 14:0. Последните два гола на овој натпревар за избраниците на Илија Колевски беа дело на Гудов за 15:0 и Михајловски за конечни 16:0 на овој меч.
Вардар (2) пак беше поразен во мечот против екипата на Еуроспорт од Куманово, на овој дуел загубивме со резултат 1:3. Прв удар кон голот на противникот имаше Колевски, кој шутира покрај голот, а се закани и противникот кој биеше покрај нашиот гол. Се обиде и Влахо кај Вардар, безопасно, додека Еуроспорт имаше голема прилика, но шутира покрај голот на Грчевски.
Откако направивме три корни, тоа значеше пенал за противникот кој го реализираа за водство од 0:1, а пред крајот на првиот дел погодија и за водство од 0:2. Во второто полувреме падна по еден гол на двете страни, за конечни 1:3 на овој натпревар, а единствениот гол за Вардар беше дело на Јаков Стојковски.