Веќе се одиграа четири кола во рамките на квалификациите за европското првенство, кое во 2018 година ќе се одигра во Хрватска. Изминатиов викенд се одиграа нови натпревари, на кои настапија и десет играчи од ракометниот клуб Вардар. Некои забележаа победи и се многу блиску до пласман на ЕП. Што се однесува до листата на најдобри стрелци после одигрување на ова коло, неа ја предводи нашиот капитен Кирил Лазаров, кој има постигнато 40 голови.
Левиот бек на Вардар и репрезентацијата на Црна Гора, Вуко Борозан е втор најефикасен играч со 33 погодоци. Борозан игра одлична сезона во црвено-црниот дрес, а исто така е најзаслужен за освоените три бода во двата натпревари на неговата репрезентација против Црна Гора. На гостувањето во Словачка, Борозан постигна 11 голови, додека на реваншот пред својата публика беше стрелец на 7 погодоци.