Tuesday ,08 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Вардар е дебитант на Ф4 во Келн
(ВИДЕО) Вардар е дебитант на Ф4 во Келн

(ВИДЕО) Вардар е дебитант на Ф4 во Келн

За прв пат една машка екипа од Македонија ќе биде дел од завршниот турнир во Келн, на кој ќе играат четирите најдобри екипи. Вардар е првиот клуб кој испиша историја за себе и ракометот во Македонија, кој ќе има можност да се бори за Европската титула.

На убедлив начин го трасиравме патот кон Келн, совладувајќи ја екипата на Фленсбург на двата натпревари. После три сезони откако стигнувавме до најдобрите осум екипи, оваа година Вардар стигна до посакуваната цел и ќе се натпреварува моментално со најдобрите екипи во Европа. Како ЕХФ го претстави Вардар како дебитант во Келн, погледнете на следново видео.