Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Гласајте за Александра Лакрабер, за прва ѕвезда на финалниот натпревар во ЛШ
Гласајте за Александра Лакрабер, за прва ѕвезда на финалниот натпревар во ЛШ

Гласајте за Александра Лакрабер, за прва ѕвезда на финалниот натпревар во ЛШ

Вардарки се вицешампиони на Европа, откако на завршниот турнир во Будимпешта го освоија второто место. Тие во финалето беа поразени од екипата на Ѓер, дури по две продолженија од по пет минути, откако во регуларниот дел натпреварот заврши без победник.

По одигрување на финалниот натпревар, ЕХФ направи избор на трите најдобри ѕвезди. Меѓу нив место имаше за Александра Лакрабер која беше втор стрелец на Вардар во големото финале, постигнувајќи пет голови. Во овој избор се најдоа уште Анита Горбич и Нике Грот од екипата на Ѓер.

Да помогнеме со нашите гласови, да биде Лакрабер прва ѕвезда на финалниот меч во ЛШ. Можете да гласате на линкот ТУКА.