После три одиграни кола во рамките на најсилната група А од Лигата на Шампионите, екипата на Вардар има максимален број на освоени бодови и се наоѓа на првото место на табелата. Што се однесува до листата на најдобри стрелци во ЛШ, двајца играчи на Вардар се наоѓаат во ТОП-10 на најефикасни играчи. Се работи за Вуко Борозан и Иван Чупиќ кои имаат идентичен број на постигнати голови, или по 18 зад нивните имиња. Листата ја предводи поранешниот вардарец, Алекс Душебаев кој има постигнато 24 голови.
Во следното коло, кое е дерби во Лигата на Шампионите, Вардар за противник го има тимот на Рајн-Некар.