Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Тренерот на голмани во РК Вардар, Периќ ќе му биде асистент на Кокшаров во “Зборнаја“
Тренерот на голмани во РК Вардар, Периќ ќе му биде асистент на Кокшаров во “Зборнаја“

Тренерот на голмани во РК Вардар, Периќ ќе му биде асистент на Кокшаров во “Зборнаја“

Тренерот  на голманите во РК Вардар, Дејан Периќ кој покрај другото е и поранешен селектор на Србија се приклучува во стручниот штаб на руската машка ракометна репрезентација. Србинот ќе биде  помошник на рускиот селектор, Едуард Кокшаров кој во црвено-црниот табор е на фунцијата спортски директор.

Периќ оваа позиција ќе ја пополни откако истата ја напушти шпанскиот стратег поранешниот помошник на Раул Гонзалез во вардаровиот стручен штаб Давид Дејвис. Камара сега е селектор на “фараоните“, тој ја превзема фунцијата во Египет и се шпекулира дека ќе биде  тренер на Веспрем.

Своето деби  во стручниот штаб на “Зборнаја“ Дејан Периќ ќе го има  овој месец, на првите дуели  од квалификациите за ЕП 2020.   Русија на мегдан во истите ќе се соочи  против  селекциите на Италија и Словачка.