Вардар стигна до нова убедлива победа во рамките на СЕХА-лигата, откако вечерва во С.Ц. Јане Сандански ја совладаа екипата на Целје (35:27). Најубавата акција на овој дуел е во “режија“ на Вуко Борозан како асистент и Тимур Дибиров како реализатор, односно нивниот цепелин се најде во изборот за најдобар момент на натпреварот.