Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Започнува ПМФЛ и одма проблеми, на еден ден пред мечот сменет судијата

Започнува ПМФЛ и одма проблеми, на еден ден пред мечот сменет судијата

На еден ден пред натпреварот Шкендија – Вардар кој не се знае дали ќе се одигра, ФФМ го смени судијата, па така место Александар Ставрев делител на правдата утре треба да биде Марјан Ецкоски од Охрид.

Во соопштението на ФФМ се вели:

Александар Ставрев кој беше делегиран за главен судија на натпреварот од 19. коло во Прва МФЛ меѓу Вардар и Шкендија од објективни причини е спречен да ја предводи судиската шесторка на утрешниот дуел во Тетово. 

Судиската организација при Фудбалската федерација на Македонија на местото главен судија на дерби дуелот на Градскиот стадион во Тетово го определи Марјан Ецкоски од Охрид.