Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Штербик: На 1 јуни кога ќе ја затвориме сезоната сакам сите да бидеме задоволни
Штербик: На 1 јуни кога ќе ја затвориме сезоната сакам сите да бидеме задоволни

Штербик: На 1 јуни кога ќе ја затвориме сезоната сакам сите да бидеме задоволни

Најдобриот ракометар за 2017 година, како и најкорисен играч на завршниот турнир во Келн, каде Вардар ја освои Лигата на Шампионите, Арпад Штербик ја игра својата четврта сезона во црвено-црниот дрес и го брани голот на Европскиот шампион. Арпад беше прогласен и за МВП на финалниот меч, на кој неговата репрезентација успеа да ја победи Шведска и да стане Шампион на Европа. Прочитајте го целото интервју на Арпад, дадено за СЕХА-лигата.

Сезонава покажа дека за голманите возраста не е важна за постигнување добри резултати. Има ли некоја тајна, колку постар – толку подобар?

-Не верувам дека тоа е поврзано со возраста. Кога си постар си поискусен, но губишп од физичките предиспозиции некогаш. Годинава поставивме висока одбрана и физички сме силни. Можеби и затоа сме добри на сите натпревари. Не може се сам голманот, треба да има некој договор со одбраната. Колку е таа добра, толку и голманот има полесна задача.

Во Вардар на многу натпревари беше џокерот на тимот за победа. Сега истото се случи и со Шпанија на ЕП. Што помисли прво кога те повикаа да дојдеш за полуфиналето?

-Прво помслив како да откажам, но бидејќи имаше само уште еден јуниор морав да заминам. Му реков на селекторот дека можам само да помогнам бидејќи не сум во добра форма, зашто немам долго време играно, а и Коралес до тој момент бранеше добро на ЕП. И за среќа се заврши како што посакувавме, освоивме златен медал.

Мислиш ли дека делуваш страшно за противничките играчи кога ќе застанеш меѓу стативите?

-Можно е така да изгледа од страна кога се гледа. Тоа треба да се прашаат играчите кои играат. Има доста ситуации кога играчот ќе скокне од 9 метри а пред нив е Борозан и Криштопанс, прво размислува како нив да ги мине, па дури за мене.

* Има ли некој играч што ти е посебно незгоден и неговите удари тешко ги браниш?

-Нема некој посебно играч за кој сметам дека е незгоден. Денеска има многу квалитетни ракометари. Скандинавците имаат одлични играчи, па и Французите. И сите ги почитувам без разлика во која екипа играат и колку се искусни.

vardarfans-tekst

Тешко ли е да се мотивираш за натпреварите, особено што покрај себе имаш помлади колеги?

-Мора секогаш да се докажуваш на натпреварите. Нема натпревар што го добиваш со име. На некои мечеви е тешко да се даде максимум. Некогаш имаш 8 некогаш 20 одбрани. Но, кога играш добро, полесно се оди дома после меч, без разлика на резултатот.

Сезонава Вардар е супериорен во сите натпреварувања, во СЕХА лигата и ЛШ. Има ли некој што навистина може да ве сопре?

-Можеме ние самите себе да се победиме. Имавме и доста повреди но успешно ја завршивме годината. Стигнавме и здрави од ЕП. Сега пред нас се други предизвици и сите работиме на топа да ги оствариме зацртаните цели.

vardarfans-sterbik

Во СЕХА лигата веќе е обезбеден пласман на Ф4 турнирот, и може ли Вардар да биде втор тим што ќе победи две сезони по ред и ќе го освои четвртиот трофеј.

-Ќе се бориме за победа на Ф4 на СЕХА лигата. Има неколку сериозни кандидати за трофејот: Загреб, Мешков и Целје. Не знам каде ќе се организира турнирот. Целје е сериозен тим и тоа го покажува и во лигата на шампионите. Ако се игра во Словенја ќе бидат фаворити.

На крајот од сезоната заминуваш од Скопје. Која е желбата, пред збогувањето со „црвено-црниот” дрес?

-Желба ми е што повеќе да постигне клубот и јас лично