Tuesday ,16 October 2018
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Познати составите на сите три генерации на ФК Вардар, кои од утре ги започнуваат настапите на турнирот “Пирин Куп“
Познати составите на сите три генерации на ФК Вардар, кои од утре ги започнуваат настапите на турнирот “Пирин Куп“

Познати составите на сите три генерации на ФК Вардар, кои од утре ги започнуваат настапите на турнирот “Пирин Куп“

Во периодот од 15-18-ти февруари, генерациите на фудбалскиот клуб Вардар родени “2003“, “2004“ и “2005“ година ќе бидат дел од меѓународниот турнир “Пирин Куп“ во градот Сандански (Бугарија). Веќе излеговме со текст за противниците на нашите екипи и распоредот на одигрување натпревари, (ВИДИ ТУКА) а во продолжение можете да ги прочитате и патниците на сите три генерации, кои денес тргнаа за Бугарија и од утре започнуваат со настапи на “Пирин Куп“.

Тренерот на генер. “2003“ нема да може да смета на услугите на Георг Стојановски, кој од пролетниот дел на сезоната ќе настапува токму за оваа генерација на Вардар.

ФК Вардар генер. “2003“: Лука Стојковски и Гоце Јовчев (голмани), Дамјан Марковски, Дарко Трпезановски, Филип Ѓорѓоски, Алек Сељанац, Петар Давидовски, Влатко Стојановски, Антонио Мирков, Лео Андрески, Александро Прелоговски, Дарио Јовановски, Марио Петрушевски, Дарко Младеновиќ, Бојан Петковски, Петре Тасески, Абдула Хасани, Димче Мешковски, Сулејман Исмаиљи, Харим Алими.

Поради репрезентативни обврски со репрезентацијата до 14 години, оваа генерација на ФК Вардар ќе биде ослабена за неиграњето на Никола Павлески, Бесар Гуџуфи и Игор Јаневски. Тренерот Кралевски беше принуден на турнирот да земе двајца играчи од генерација “2005“.

ФК Вардар генер. “2004“: Горазд Гигов и Наум Ангелов ( голмани), Давид Љушев, Марио Сурлов, Лука Ивановски, Максим Милошевски, Сандро Каровски, Никола Анчевски, Матеј Богдановски, Исмет Хајдари, Теодор Перковски, Левент Ибраим, Арбин Курти, Ѓорѓи Дошев, Горазд Попов, Стефан Стојановски, Димитар Стоимов.

Тренерот Андовски на овој турнир ќе може да смета на Филип Јовановски, кој е повратник во оваа генерација, откако есенскиот дел од сезоната го помина настапувајќи за генер. “2004“ во регионалната – скопска лига. Затоа ќе биде ослабен за Арбин Курти и Ѓорѓи Дошев, кои на турнирот ќе играат за генерација “2004“.

ФК Вардар генер. “2005“: Илија Апостоловски и Леонид Илиевски ( голмани), Стефан Ристовски, Филип Радевски, Симеон Здравковски, Тино Спасиќ, Александар Калановски, Филип Јовановски, Стефан Наумовски, Никола Величковски, Матеј Николовски, Горјан Цветков, Давор Лефковски, Кристијан Танески, Матеј Гаштаров, Дамјан Конески, Зоран Фидановски, Лука Јакимовски.