Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Поповски: Ни беше потребна оваа победа за да ја вратиме самодовербата, во пресрет на мечот против Пик Сегед
Поповски: Ни беше потребна оваа победа за да ја вратиме самодовербата, во пресрет на мечот против Пик Сегед

Поповски: Ни беше потребна оваа победа за да ја вратиме самодовербата, во пресрет на мечот против Пик Сегед

Вардар стигна до својата 13 победа во рамките на СЕХА-лигата, со триумфот против екипата на Целје (35:27). И покрај тешкото гостување во Барселона и само еден ден одмор од тој меч, нашиот шампион собра сили да одигра добри 60 минути во кои доминираше и го “прегази“ тимот на Целје, со оглед дека на моменти имавме и висока двоцифрена предност. Мартин Поповски се повеќе добива шанса од тренерот Гонзалес на мечевите во ова натпреварување. Младото десно крило на Вардар беше втор стрелец во триумфот против Целје, успевајќи да постигне шест голови од исто толку обиди кон противничкиот гол. Какви беа неговте впечатоци од новиот триумф можете да прочитате од изјавата, која ја даде за сајтот на СЕХА-лигата.

-Ни беше значајно да одиграме добро во првото полувреме, за да направиме разлика која понатаму ќе ја одржуваме. Знаеме дека се вративме од едно тешко гостување, ни требаше овој меч за да ја вратиме самодовербата. Мислам дека успеавме во тоа, бидејќи одигравме добар натпревар во текот на сите 60 минути. Сега се подготвуваме за неделниот натпревар против Пик Сегед во ЛШ, како и за следните противниците кои ни претстојат, истакна Поповски.