Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борозан и Карачиќ во најдобриот тим на СЕХА-лигата за месец декември
Борозан и Карачиќ во најдобриот тим на СЕХА-лигата за месец декември

Борозан и Карачиќ во најдобриот тим на СЕХА-лигата за месец декември

СЕХА лигата го избира најдобриот тим за месец декември во ова натпреварување. Во идеалната седморка за последниот месец од 2016 година се најдоа двајца играчи на РК Вардар. Вуко Борозан е најдобар лев бек, додека Игор Карачиќ е најдобар на својата позиција, организатор на играта во нашиот состав.

Што напиша тимот на СЕХА лигата за двајцата играчи на Вардар кои се најдоа во иделаниот тим.

Вуко Борозан-лев бек:

-Бомбардерот на Црна Гора се покажа како големо засилување за својот нов клуб оваа сезона. Тој има загарантирано 30 минути игра кај тренерот Гонзалес кој ги користи доста добро.

Игор Карачиќ-среден бек

-Искусниот Хрватски организатор на играта беше повторно еден од клучните играчи на Вардар и во декември, особено за големиот бод против Веспрем и важната победа во Брест. Тој со Циндриќ се едни од клучните играчи на Вардар.

Црвено-црните со победа против Брест Мешков ја завршија 2016 година во СЕХА-лигата.

Најдобриот тим на СЕХА лигата за месец декември:

Голман: Роланд Миклер

Лево крило: Лука Жвижеј

Десно крило: Блаж Јанц

Пикер: Андреас Нилсон

Лев бек: Вуко Борозан

Среден бек: Игор Карачиќ

Десен бек: Лука Шебетиќ

Тренер: Бранко Тамсе