Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борозан најдобар стрелец на контролниот меч
Борозан најдобар стрелец на контролниот меч

Борозан најдобар стрелец на контролниот меч

РК Вардар го одигра првиот натпревар на летните подготовки. Нашиот тим триумфално ги започна подготовките за новата сезона, вчера совладан беше тимот на Горење со резултат 27-26 (13-15). Малку чудно, на овој натпревар од спротивната страна во ”жолти” дресови се најдоа Тоскиќ и Брумен.

Во нашиот тим вкупно 10 играчи се запишаа во листата на стрелците. Новите играчи додадоа вкупно 10 погодоци. Најефикасен наш играч беше токму новото засилување Вуко Борозан кој постигна 6 погодоци. Душебаев придодаде 4, а Кањељас три пати се запиша во листата на стрелците.

Целосна статистика:  Штербик, Стоилов 3, Недановски 1, Поповски, Милиќ, Рожерио 1, Македа 2, Ѓорѓевски, Деревен, Душебаев 4, Абутовиќ, Кањељас 3, Ангелов, Дибиров 2, Шишкарев 3, Борозан 6, Ончев, Марсениќ 1.