Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Бразил победи, Црна Гора загуби

Бразил победи, Црна Гора загуби

Вчера започнаа натпреварите и од женскиот сегмент на Олимписките игри. Домакинот Бразил триумфално мина низ првиот натпревар. Бразилките беа подобри од репрезентацијата на Норвешка со резултат 31-28. Новата наша ракометарка, Мајса Песоа имаше вкупно 6 одбрани од 19 упатени удари кон голот. Камила Херем постигна два погодоци за Норвешка од три обиди.

Франција со 18-14 го победи европскиот вице првак, Холандија, Лејно забележа вкупно 8 одбрани, додека пак Александра Лакрабере постигна 5 гола. Црна Гора загуби од Шпанија со резултат 25-19. Јованка Радичевиќ се запиша во листата на стрелците на четири наврати од шест обиди. Кликовац не постигна погодoк.