Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Информации околу сезонските билети

Информации околу сезонските билети

13880420_1056365031125177_7875194206110780246_nВчера на официјалната страна на фејсбук на нашиот ФК Вардар излезе информација за долго очекуваните сезонски билети за оваа натпреварувачка сезона. Во истото се вели:

Обезбедете си навреме билети за натпреварите на вашиот тим за сезоната 2016/2017. Приоритетната продажба на билети почнува на 8 август. Првпат ќе биде понудена и ВАРДАР ПАСС картичка со која ќе биде овозможен влез на сите натпревари на двата ракометни клубови, во машка и женска конкуренција, и на фудбалскиот клуб во текот на целата сезона. Со секој купен сезонски билет ќе можат да добијат дрес од ФК Вардар или РК Вардар по цена од 1.299 денари или пак маичка по цена од 399 денари.

СЕЗОНСКИ БИЛЕТИ FK Vardar 2016/17!
Приоритетна продажба на сезонски билети ќе биде во периодот од 08.08.2016 – 21.08.2016
Регуларна продажба на сезонски билети ќе биде во периодот од 22.08.2016 – 11.09.2016
Истата ќе се врши на билетарницата во СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот. Повеќе информации може да добиете на:
www.ticketplus.mk
Е-маил: info@ticketplus.mk
тел. + 389 2 2400 075
тел: + 389 2 401 980