РК Вардар триумфално ги отвори новите подготовки, тие вчера одиграа пријателски меч против тимот на Горење во Крањска Гора. Нашиот тим на пауза имал негатива од 15-13, но на крај натпреварот го добил нашиот тим со резултат 27-26. Во тимот на Горење оваа сезона настапуваат и екс Вардарците Брумен и Тоскиќ, за време на подготовките во Крањска Гора, црвено-црните момци ќе одиграат уште еден контролен меч против овој тим и тоа на 10-ти овој месец. Потоа тимот заминува на силен турнир во Белорусија.