Левиот бек на Вардар, Вуко Борозан е избран во идеалниот тим на мајските квалификации, за пласман на европското првенство кое во 2018 година ќе се одигра во Хрватска. Црна Гора во тој период одигра два натпревари против селекцијата на Словачка, забележувајќи една победа и нерешен резултат. На тие два натпревари Борозан постигна 18 голови. Воедно тој е втор најдобар стрелец, после четири одиграни кола во квалификациите натпревари за пласман на ЕП. Вуко и Вардар од неодамна го продолжија договорот за уште четири сезони.
Добрите игри го сместија во најдобриот тим, каде место имаше и за капитенот на Македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров. Вака изгледа идеалниот тим:
голман – Тијери Омејер ( Франција)
лево крило – Уве Генсхајмер ( Германија)
пикер – Бенјамин Буриќ ( БИХ)
десно крило – Феран Соле Сала ( Шпанија)
лев бек – Вуко Борозан ( Црна Гора)
среден бек – Сандер Сагосен ( Норешка)
десен бек – Кирил Лазаров ( Македонија).