Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борозан: Среќен сум што и понатаму ќе бидам дел од голем клуб како што е Вардар
Борозан:  Среќен сум што и понатаму ќе бидам дел од голем клуб како што е Вардар

Борозан: Среќен сум што и понатаму ќе бидам дел од голем клуб како што е Вардар

Вуко Борозан и во наредните четири сезони ќе го носи црвено-црниот дрес. На задоволство на навивачите, денес Борозан и Вардар ставија потпис на нов четиригодишен договор. Ова е прва сезона за него во Вардар, но неговите добри игри беа знак за клубот да му предложи нов договор. Тој е еден од важните играчи во играта на Раул Гонзалес, а често неговите удари се невидиливи за противничките голмани. Располага со силен удар, кој не е типичен за ракометари на негова возврат. Во врска со продолжување на договорот, за медиумите во Црна Гора, Борозан го изјави следново:

-Тука се чуствувам како дома и среќен сум што и понатаму ќе бидам дел од голем клуб како што е Вардар. После само една помината сезона во Скопје, јасно е дека ги избрав вистинскиот клуб и средина. Научив многу од Раул Гонзалес, веќе освоивме два трофеи оваа сезона, а сега не очекува и борба за титулата, шампиони на Европа, рече Борозан.