Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карачиќ: Одигравме многу добро, како со Фленсбург во ЛШ
Карачиќ: Одигравме многу добро, како со Фленсбург во ЛШ

Карачиќ: Одигравме многу добро, како со Фленсбург во ЛШ

Вардар беше убедлив во дербито со екипата на Металург, совладувајќи го со резултат 38:25. После ова коло двете екипи имаат еднаков број на освоени бодови, но во таков случај на крајот црвено-црните ќе бидат шампиони на Македонија. Игор Карачиќ беше втор најдобар стрелец со 7 постигнати голови во триумфот, против тимот од Автокоманда.

-Одигравме многу добро како и со Флензбург во ЛШ. Ја подобривме формата на последните натпревари и тоа ме радува. Константни сме цела сезона, немаме некои падови, а ни се случи само оној пораз во Автокоманда кој не подигна и потоа се вративме во најдобра форма. Навистина ќе беше срамота еден тим кој се бори за титула во Лигата на шампионите да не ја освои титулата во Македонија, рече Карачиќ.