Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вуко Борозан во изборот за најдобри млади дебитанти во лигата на шампиони
Вуко Борозан во изборот за најдобри млади дебитанти во лигата на шампиони

Вуко Борозан во изборот за најдобри млади дебитанти во лигата на шампиони

Во новата натпреварувачка сезона нашиот ракометен шампион доби големо засилување на позицијата лев бек. Младиот и надежен Вуко Борозан се покажа како вистинско решение на тренерот Гонзалес, кој не погреши кога се реши да го донесе во Вардар. Црнагорскиот репрезентивец се најде во ТОП-5 изборот за најдобри млади дебитанти во новата сезона од лигата на шампиони.

Иако беше тешко да се направи избор на само пет млади ракометари дебитанти во најголемото ракометно натпреварување, сепак стручните лица се одлучија за играчите кои во моментов воодушевуват со игрите во своите екипи. Меѓу нив е секако и Борозан од редовите на Вардар.

22-годишниот Црнагорски “гигант“ веќе се смета за сила во ракометот. Со своите нешто повеќе од 2 метри, Борозан веќе има играно во четири различни првенства и е репрезентативец на својата земја. Борозан оваа сезона се врати во Скопје, откако пред две години играше за екипата на Металург. Тој има силен удар од девет метри и ќе претставува големо засилување за шампионот на Македонија. Ова младо момче веќе има направено “белег“ во лигата на шампиони, постигнувајќи седум голови во победата против Брест Мешков, во рамките на второто коло, се вели во извештајот на ЕХФ експертите кои се решија да го вклучат Вуко во овој нивни избор.

Вака изгледа ТОП-5 изборот на најдобри млади дебитанти во лигата на шампиони за сезоната 2016/17

1. Недим Ремили ( ПСЖ)

2. Филип Талески  (Металург)

3. Џери Толбринг ( Кристијанштад)

4. Лукас Нилсон ( Кил)

5. Вуко Борозан  ( Вардар)