Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Теона Љадевиќ: Целта е да влезам во селекцијата, тоа може да го остварам само преку настапите во “Јуниор лигата“
Теона Љадевиќ: Целта е да влезам во селекцијата, тоа може да го остварам само преку настапите во “Јуниор лигата“

Теона Љадевиќ: Целта е да влезам во селекцијата, тоа може да го остварам само преку настапите во “Јуниор лигата“

Започна нова сезона во ракометната “Јуниор“ лига, а со тоа и нови возбудувања, натпревари и дружење. Пред нас е веќе второто коло на ова натпреварување. Интересот за “Јуниор“ лигата е се поголем, се вклучија и нови ракометни школи кои сакаат да бидат дел од овој голем проект на ракометниот клуб Вардар. Приликата на младите да се дел од оваа “Јуниор лига“ им  овозможи напредок и голема шанса за надоградување на младите ракометни надежи со нови знаења и шанса да бидат препознаени и регрутирани за тимовите на Вардар. Можноста да биде дел од оваа лига ја има Теона Љадевиќ која настапува за ракометната школа Урдаревски-Вардар.

-Како и ланската, така и оваа година сум презадоволна од “Вардар Јуниор лигата“, како е организирана и поставена, ми се допаѓаат меѓусебните дуели во неа. Минатата сезона игравме во Академија заедно со екипата на Рк Илинден за генерација 2002/03, додека пак оваа година играм со генерација 2000/01 заедно со девојчињата од Рк Бисинов Вардар.

Во новата сезона натпревари се играат и во другите градови низ Македонија, со цел да се прошири интересот за ракометот и секако “Јуниор“ лигата.

-Оваа сезона лигата е поорганизирана, се игра во повеќе градови-Скопје, Велес, Прилеп, Кичево и др. Играм за екипата на СК УРДАРЕВСКИ-ВАРДАР, каде што сите тренираме напорно, и впишуваме успеси во сите генерации. За сето ова најзаслужни се нашите тренери Никола Димовски и Александар Димовски, кои даваат се од себе, ни ги пренесуваат своите знаења за да бидеме најдобри. 

Целта е преку настапите во “Јуниор“ лигата да се стигне до младинските екипи на ракометниот клуб Вардар.

-Исто така оваа сезона сакам да влезам во селекција, кај пионерките, тоа може да се оствари преку “Јуниор Лигата“, затоа давам се од себе вложувам труд и напор и се надевам тоа ќе се исплати некој ден.

Звонко Ивановски