Несомнено е дека РК Вардар зад себе има сезона од соништата, освоивме се што може да се освои, четири пехара во четирите натпреварувања во кои настапивме. Прва година во овој состав одигра црногорецот Вуко Борозан, тој освоените четири трофеи во една година им ги посвети на сите граѓани на Македонија.
А што да кажам, освен – сезона од соништата! Само така би можел да ја опишам оваа сезона. Останувам во Вардар уште четири години, ќе се обидеме да го повториме барем дел од овој успех и во наредните години. Мислам дека не можеше да ја одиграме сезоната подобро од ова. Исто така, народот не пречека феноменално, не очекувавме толкава маса на луѓе да излезе на улицата за нас. Народот во Македонија е наша мотивација да го повториме успехот и наредната година – изјави Борозан.