Рускиот бек, Александер Деревен само неколку дена по заминување од нашиот РК Вардар си најде нова средина. Тој прави кам-бек во редовите на Чеховски Медведи, екипа од која всушност и дојде во црвено-црниот состав каде стана европски шампион оваа сезона.
Рускиот шампион, тим кој минатата сезона се натпреваруваше и во ЕХФ Лигата на шампионите, успеа да го го добие Деревен назад. Левиот бек имаше одлични настапи за оваа руска екипа во периодот од 2012 до 2015 година. Одличните настапи во Чеховски Медведи и руската селекција му овозможија трансфер во Македонија, сепак тешката повреда на коленото го оневозможи овој расен бек да блесне во нашиот Вардар. По опoравувањето тој никако не успеваше да влезе во потребниот ритам.