Ау, каков играч донесе Вардар во своите редови. Кевин Њокас иако е во Вардар само неколку денови, иако одработи само неколку тренинзи, денес ,,распали” од сите страни и беше заслужено најдобар играч на теренот со ни помалку ни повеќе – туку осум погодоци од исто толку обиди.
За каков бек шутер станува збор видоа денес присутните во салата. Кевин Њокас буквално ,,решеташе” од сите страни, за големо воодушевување на присутните во салата. Ваков бек шутер Вардар немал уште од оние шампионски денови.. Му посакуваме на Кевин да продолжи во ова темпо во дресот на ,,црвено – црните”.
Сигурно дека ќе биде и во тимот на колото во ЛШ. Браво!