Управата на РК Вардар 1961 направи вистински потег со доведувањето во Скопје на репрезентативниот голман на Македонија, Мартин Томовски кој игра во одлична форма и му носи победи на својот тим Лудвигсхафен.
Македонскиот голман денес имаше одлична партија помеѓу стативите и успеа да забележи 17 интервенции – што го направија играч на натпреварот против Балинген, на кој неговиот тим победи со резултат 27-22.
Томовски веќе неколку партии по ред брани одлично и тоа во најдобрата лига во Европа, што е доволен показател дека ,,црвено – црните” ќе имаат големо засилување на голот, веќе од август.