Monday ,16 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кудуз најкорисен играч во Романија – најавува супер трансфер во Вардар!
Кудуз најкорисен играч во Романија – најавува супер трансфер во Вардар!

Кудуз најкорисен играч во Романија – најавува супер трансфер во Вардар!

Анте Кудуз на најдобар можен начин се простува од екипата на Динамо Букурешт. Хрватскиот бек шутер и иден играч на РК Вардар 1961, уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма и дека ќе биде вистинско засилување за нашиот тим.

Кудуз на денешниот натпревар кој му беше последен за Динамо Букурешт, постигна седум гола и беше избран за најкорисен играч во Куп завршницата. Хрватскиот бек шутер со двојна титула доаѓа во Скопје и најавува дека со Томовски и Гурбиндо ќе бидат големи засилувања.

Го очекуваме во Скопје веќе на почетокот на јули месец.