Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Бронзени медали за РК Кале и РК Бисинов во “Јуниор“ лигата, кај генер. 2002/03 и 2004/05

Бронзени медали за РК Кале и РК Бисинов во “Јуниор“ лигата, кај генер. 2002/03 и 2004/05

Денес во спортскиот центар Јане Сандански се одиграа завршниот турнир во ракометната “Јуниор“ лига, за генерации родени 2002/03 и 2004/05 година. Третото место им припадна на тимовите на РК Кале од Кичево и РК Бисинов од Велес.

Кај генерација 2002/03, РК Кале за противник во борбата за бронза ја имаа екипата на РК Делчево. Кале имаше подобар старт на натпреварот каде успеа да поведе со 3:1 и 5:2. Сепак во следните пет минути избраниците на Горан Велков успеваат да го израмнат резултатот на 6:6. До крајот на првото полувреме се играше гол за гол и ниту од една од екипите немаа поголема предност од еден гол. Сепак на одмор се замина со минимално водство на РК Кале од 11:10.

На стартот на второто полувреме, РК Делчево постигнува два гола во серија и за прв пат има предност од 11:12. Проследивме уште едно израмнување на 13:13, по што следи серија на Кале од 4:1 за повторно да има највисоки три гола водство (17:14). Избраниците на Горан Велков не помислија да се предадат и на пет минути пред крајот на мечот го израмнуваат резултатот на 20:20. Сепак финишот му припадна РК Кале кој постигна четири, наспроти еден гол на Делчево, за конечен резултат од 24:21. Филип Личоски го предводеше Кале со 9 голови.

vardarfans-rk-kale

Кај генерацијата 2004/05 во малото финале се сретнаа екипите на ГРК Гостивар и РК Бисинов. Овој натпревар им припадна на екипата од Велес. Избраниците на Никола Бисинов имаа перфектен старт на натпреварот каде поведоа со 0:4. Во следниот период од првото полувреме следиме подобра игра на Гостиварчани, кои полека но сигурно се доближуваа на водството на Бисинов. На полувреме се замина со педност на Бисинов, од само два гола или 7:9.

Второто полувреме започна со гол на Бисинов, кој поведе со 7:10. Цело второ полувреме разликата се движеше од 2-3 гола за екипата на Бисинов. Највеќе што успеа да стори Гостивар е да намали на два гола негатива. На крајот конечниот резултат гласеше 13:16. Антониј Андоновски постигна 5 голови кај победникот.

vardarfans-rk-bisinov