Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Илинден е освојувач на “Јуниор“ лигата кај генер. 2004/05, избраниците на Јанев во финалето го победија РК Карпош

РК Илинден е освојувач на “Јуниор“ лигата кај генер. 2004/05, избраниците на Јанев во финалето го победија РК Карпош

Во големото финале на “Јуниор“ лигата, кај генерација родени “2004/05 година се сретнаа екипите на РК Илинден и РК Карпош од Куманово. Посупешни беа избраниците на Дарко и Александра Јанев кои славеа со резултат  7:14.

Првиот гол падна дури после четири минути игра кој го постигна Карпош за почетно водство од 1:0, за потоа да имаат и предност од 2:1. Од тој момент РК Илинден успева да направи серија од пет пет последователни голови и да зголеми на 2:6. Во овој период Карпош не играше на своето ниво и промаши неколку удари во нападот. Можеше Илинден на одмор да замине и со поголемо водство, но при резултат 3:9, Карпош сврзува два гола и на одмор заминува со негатива од 5:9, и да воспостави резултатска рамнотежа.

Второто полувреме започна со гол на Кумановчани кои намалија на 6:9. Во продолжение од натпреварот РК Илинден имаше контрола на резултатот и успеа да стигне до највисоки шест голови предност (7:13) на пет минути пред крајот. Убедлива победа се покажа на крајот, каде Илинден славеше со резултат 7:14. Најефикасен играч кај РК Илинден беше Андреј Петрушевски со 7 голови.

Наградите за најдобрите ги доделуваше Марија Папуџиева, една од најзаслужните за овој проект на РК Вардар.

17553689_1294342220612621_1854726345615672734_n vardarfans-papudzieva vardarfans-rk-ilinden-nagrada vardarfans-rk-ilinden vardarfans-rk-karpos-kumanovo vardarfans-rk-karpos