Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар го доби градското дерби со резултат 2:0

Вардар го доби градското дерби со резултат 2:0

Вардар стигна до втората победа сезонава против тимот на Работнички, попладнево играчите на Вардар со резултат 2:0 (1:0) славеа над градскиот ривал. Головите на овој меч ги постигнаа Којашевиќ во 39. минута по одличната асистенција на Демири и Николов во 92. минута.

Вардар на пауза замина со предност од 1:0. Во првиот дел и двете екипи имаа свој добри шанси за постигнување на голови. Во нашиот тим во првото полувреме Барсегјан на два наврати беше блиску до постигнување на погодок, но на два наврати за малку не го стори тоа. На спротивната страна Работнички преку Сахити и Силјановски имаше исто така добри шанси за гол, но нашиот голман Гачевски на два наврати одлично одбрани и спаси голови на противникот. Голот за Вардар дојде во 39. минута, Барсегјан испрати добра топка до Демири кој одлично влезе во шеснаесетникот на противникот, несебично му додаде на Којашевиќ кој беше сам и не му беше тешко да го отвори резултатот.

Во вториот дел екипата на Работнички се отвори и бараше израмнувачки погодок, додека пак нашиот тим својата шанса за нов погодок ја чекаше од контра или полуконтра напад. Првата добра шанса во вториот дел ја имаше Барсегјан кој од 13 метри биеше но само крај стативата на голот на Шишковски. Во 61. минута беше направена и првата замена во нашиот тим, играта ја напушти Барсегјан а на негово место влезе Џигаури. Втората закана во вториот дел ја имаше Којашевиќ кој биеше од слободен удар но неговиот шут заврши над голот на противникот. Стрелецот на голот ја напушти играта во 74. минута на негово место влезе во игра Николов. До крајот на мечот во игра влезе и Балотели на местото на Блажевски. Во 92. минута преку Николов Вардар ја запечати судбината на противникот. Со резултат 2:0 заврши овој меч.

На денешното дерби беше присутен и Дарко Панчев, кој беше во друштво на господинот Сергеј Самсоненко.