Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Преспа го одбрани приматот на најдобри во Јуниор лигата кај генер. 2002/03, избраниците на Ангелковски во финалето беа подобри од РК Шампион

РК Преспа го одбрани приматот на најдобри во Јуниор лигата кај генер. 2002/03, избраниците на Ангелковски во финалето беа подобри од РК Шампион

Денес се одигра завршниот турнир во ракометната “Јуниор“ лига, кај генерација родени 2002/03 година. Во големото финале се сретнаа екипите на РК Преспа од Ресен и РК Шампион во Скопје, откако претходно ги добија полуфиналните мечеви против Делчево, односно Кале од Кичево.

Екипата на Шампион која е предводена од Бадев и Чивлачки многу подобро го отвори натпреварот и по пет минути игра имаше водство од 3:1. Тоа беше знак за Иван Ангелковски, предводникот на Преспа да повика минута одмор. Во следните четири минути, тимот на Шампион имаше постојано водство и контрола на резултатот. Дури во три наврати имаа и највисоки три голови (5:2, 6:3 и 7:4). Сепак во следните пет минути, Преспа прави комплетен резултатски пресврт и со серија од пет последователни голови ја презема предноста од 7:9. Конечно во 14 минута, Шампион ја прекинува лошата серија без погодок и намалува на 8:9. Екипата од Ресен игра се подобро и на два минути пред крајот на првото полувреме има и највисоки три гола (9:12). По првото полувреме Преспа има солидна предност од 10:14.

Продолжи серијата и во второто полувреме, кога Преспа постигна четири последователни голови и зголеми на 10:17 во 23 минута од мечот. РК шампион се обидуваше да воспостави резултатска мрежа, во еден момент намали на 13:18, но Преспа бргу ги врати највисоките седум гола (13:20) Уште еден гол за избраниците на Ангелковски кои зголемија на 13:21, по што тренерскиот двоец од Шампион повика тајм-аут. Екипата на Преспа до крајот на натпреварот имаше контрола на резултатот и не дозволи на Шампион да ја спушти негативата на помалку од пет голови. Последен обид да се врати во мечот, Шампион имаше на пет минути пред крај кога го намали резултатот на 21:25. За да нема неизвеснот се погрижија Ресанчани кои зголемија на 21:28 во 37 минута. Конечниот резултат гласеше 23:30. Најефикасен беше Били Мишевски со 9 голови, додека Михајло Костовски постигна 8 голови, а Табаковски додаде 7.

На тој начин Преспа го одбрани трофејот, кога во првата сезона на Јуниор лигата исто така се закити со златниот медал.

vardarfans-kocarov vardarfans-rk-prespa vardarfans-rk-sampion vardarfans-tabakovski vardarfans-zaednicka