Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Андријана Будимир го “потклекна“ големиот Партизан, пионерите на Вардар се финалисти на турнирот во Зрењанин
Андријана Будимир го “потклекна“ големиот Партизан, пионерите на Вардар се финалисти на турнирот во Зрењанин

Андријана Будимир го “потклекна“ големиот Партизан, пионерите на Вардар се финалисти на турнирот во Зрењанин

Прекрасна вест ни стигна од Србија, каде пионерите на ракометниот клуб Вардар утрово во полуфиналето на турнирот во Зрењанин успеаа да направат голем подвиг и да го победат Партизан после изведување на удари од седум метри. Во регуларниот дел натпреварот заврши со нерешен резултат 21:21. Пред преполната сала, нашите млади надежи од самиот почеток, па се до последните пет минути имаа целосна доминација. На моменти нашата предност достигна 4-5 голови предност. Во последните пет минути од дуелот направивме две технички грешки и промашивме два зицер удари, кои му овозможија на противникот од Белград да го израмни резултатот. Вардарци имаа последен напад и можност да го решат победникот во регуларниот дел, но за жал не успеавме да реализираме и мечот заврши со нерешен резултат.

vardarfans golem uspeh za nasite pioneri

Директно победникот се решаваше со пристапување на удари од седум метри, во кој црвено-црните на крајот подобро се снајдоа. Во првите четири серии, двете екипи беа успешни и ниедна од рацете на играчите кои упатуваа удар не затрепери. Сепак во последната петта серија, Партизан ја погоди стативата од нашиот гол, додека Вардар уште еднаш успешно реализираше за конечен триумф и голема радост на нашите момчиња. Белградски Партизан располага со една од најдобрите ракометни школи на Балканот, па успехот на Вардарци уште повеќе добива на тежина.

Во 16:40 часот е закажан големото финале со екипата на Камп Растимо, за која настапуваат ракометари од Србија и Унгарија. Им посакуваме многу среќа на нашите ракометари во ова големо финале, на силниот меѓународен турнир во Зрењанин.