ФК Вардар вчера вечерта пристигна во Скопје. Црвено – црниот тим предводен од Седлоски мина 25 дена на подготовки, каде ја билдаше формата за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. Според прикажаното, Седлоски би требало да биде задоволен од играта, особено од некој поединци, кој на овие подготовки сериозно се наметнаа кај шефот на стручниот штаб.
Па така по пристигнувањето на македонска почва, утре црвено – црните ќе се адаптираат на скопската клима, и ќе имаат слободен ден. Напорните тренинзи, и подготвувањето за првиот натпревар оваа година против Ренова, ќе започнат во вторник наутро на новиот тренинг комплекс на ФК Вардар.