Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Денковски трето засилување за ФК Вардар!
Денковски трето засилување за ФК Вардар!

Денковски трето засилување за ФК Вардар!

Младинскиот играч на Македонија Христијан Денковски, кој беше на проба во Анталија, потпиша договор се до крајот на сезоната. Христијан Денковски одигра еден солиден натпревар во Анталија, но поради повреда не настапи на останатите натпревари.

Христијан Денковски се очекува да се наметнува на средината на теренот. Денковски има настапувано за Работнички, потоа замина во Словенија, па направи одличен трансфер во холандски Гронинген, но во холандскиот тим не се наметна. Христијан Денковски е трето, и последно засилување за ФК Вардар овој преоден рок.