Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите газат, момците на Будимир во дербито го “фрлија на колена“ РК Пролет 62
Кадетите газат, момците на Будимир во дербито го “фрлија на колена“ РК Пролет 62

Кадетите газат, момците на Будимир во дербито го “фрлија на колена“ РК Пролет 62

Денес во салата “Кале“ се одигра дерби помеѓу нашите кадети предводени од Будимир и екипата на РК Пролет 62 од Cкопје. Момците кои незнаат за неуспех и денес одиграа фантастично доаѓајќи до нова победа во овој тежок натпревар, избраниците на Будимир победија со 31-26.

l

Први со гол овој дуел го отворија нашите момци кои успеаа да поведат најпрвин со 1-0, а потоа и со 2-0.  Гостиниот постигна прв гол намалувајќи на 2-1, но ние со серија 3-0 се одлепивме на четири позитива, 5-1 по само 5.минути ракомет. Во следните минути двата тима постигнаа по два гола, предноста беше иста ние водевме со  7-3. Будимир побара и доби од момците цврста игра во одбраната, тоа резултираше со нова серија на црвено-црните момци, тие со серија 5-1 се одлепија на високи  12-4 и најавија рано дека денес во ова дерби ќе одат на победа.  Гостинот во продолжение заигра поангажирано, успеа да ја преполови нашата предност и во финишот влеговме со резултат 14-10. Во последните минути од првиот дел го стабилизиравме дуелот и на одмор заминавме со предност од  16-11 во наша корист.

l2

Вториот дел повторно ние го отворивме со погодок, поведувајќи со 17-11 на почетокот. Со добра игра успеавме да ја вратиме предноста од првиот дел со осум погодоци, со голот на Чакалиќ Бојан во 42.минута поведовме со 21-13.  Во следните десет минути се играше игра гол за гол, ние умешно го чувавме водството кое гаранираше победа на овој натпревар. Во 53.минута со голот на Чакалиќ од пенал поведовме со 27-19 и веќе беше јасно дека на овој дуел во ова дерби црвено-црните ќе дојдат до нови бодови. Во последните минути игравме доволно колку да дојдеме до победа, противникот успеа само да го ублажи поразот во полседните минути од ова дерби. Ние триумфиравме над РК Пролет со 31-26 на крајот.

l3

Кај нас головите ги постигнаа: Чакалиќ 7, Димитриевски 6, Савревски 6, Калајџиев 5, Грујовски 3, Ташевски 2, и по 1 имаа Павловски и Мишевски.