Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Бутел Скопје добро го ,,испоти” Вардар
Бутел Скопје добро го ,,испоти” Вардар

Бутел Скопје добро го ,,испоти” Вардар

Ракометарите на Вардар 1961 им се вратија на победите. Попладнево на домашен терен ,,црвено – црните” во еден интересен натпревар го совладаа Бутел Скопје тесно, со резултат 26-22 (11-11).

Првите десет минути од натпреварот минаа изедначено, со по три гола на двете страни. Веќе на половина од првиот дел гостинскиот тим од Бутел имаше предност од еден гол, 4-5. Добрата игра на гостинот продолжи и во текот на вторите 15-сетина минути од првиот дел, па така во 23.минута резултатот беше 9-9. Во последните пет минути од првиот дел гостинот имаше напад и можеше да замине на пауза со гол плус, но не го реализираше последниот напад, па така на пауза се замина со резултат 11-11.

valcak-rkv

Во вториот дел Вардар започна добро, па имаше два гола плус, 13-11 во 35. минута. Одново следуваше опуштање и пад во играта, па така веќе во 39.минута гостинот имаше и предност од 15-16. Стратегот на Вардар по ова водство го врати првиот тим на теренот, па работите почнаа да си доаѓаат на своето место. Веќе во 45.минута Вардар одново дојде до предност, овој пат од 19-18 со гол на Чупиќ. Во последните десет минути од дуелот Вардар влезе со два гола предност, 21-19. Тесно беше и на шест минути пред крајот, гостинот не се предаваше и имаше само гол негатива. Сепак искуството на Вардар не дозволи сензација, па на крајот запишаа нови бодови.

Јагуриновски со седум гола и Чупиќ со шест беа најпрецизни кај Вардар, додека кај Бутел се истакнаа Мајиќ со шест и Јевтиќ, Василевски и Митев со по четири гола.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар 1961