Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Бојан Чакалиќ во ТОП-10 листата на најдобри стрелци, на турнирот “Локомотива Куп 2018„
Бојан Чакалиќ во ТОП-10 листата на најдобри стрелци, на турнирот “Локомотива Куп 2018„

Бојан Чакалиќ во ТОП-10 листата на најдобри стрелци, на турнирот “Локомотива Куп 2018„

Кадетите  на ракометнот клуб Вардар се дел од силниот меѓународен турнир “Локомотива Куп 2018„ кој се одржува го градот Брчко ( БИХ). После четири одиграни кола, избраниците на Андријана Будимир имаат ефект од две победи  два порази. Црвено-црните славеа во дуелите со екипите на Максимир и Крка, додека поразени бевме од селекцијата на Израел и ППД Загреб.

Што се однесува до ТОП-10 листата на најдобри стрелци, место има за еден играч на РК Вардар. Се работи за нашиот најдобар играч, тоа е левиот бек Бојан Чакалиќ кој после четири одиграни кола има постигнато 19 голови, со кои го завзема 6.место на листата на најефикасни играчи во категоријата на ракометари родени 2002/03 година.