Денес на меѓународниот турнир во населба Илинден, во 2.коло пионерите на РК Вардар се сретнаа со тимот на ОРК Лакташи од република Српска. Во оваа средба момците на Зоран Петковски и Никола Бисонов дојдоа до победа во еден дуел во кој доминираа особено во вториот период со 14-7.
На почетокот госите од Република Српска, Бих имаа константно водство тие поведоа најпрвин со 0-1,а потоа водеа и со 1-3. На средината на првиот период од 15.минути беше 2-4 за ривалот, од ука почна нашата доминација. Со серија од 4-0, од кои три гола беа дело на Трајановски Матеј и со еден погодок на Стојкоски Марио направивме пресврт со 6-4 на оваа средба. Ривалот побара минута одмор со цел да се врати во игра, сепак ние го исконтролиравме овој период и крајот на првото полувреме. Успеавме додатно да се одлепиме и со три плус, 8-5 заминавме на одмор.
Во вториот дел одигравме смирено и креативно на почетокот, направивме серија 3-0 со која се одлепивме на 11-5 со голот на Аритонов Тадеј по што се веќе беше познато околу победникот. Во вториоте 15.минути доминираа, момците на Зенга во сите аспекти, ривалот беше скршен и успеа да постигне само два погодоци во овој период, вративме со тројна мерка. Победата на оваа средба од овој меѓународен турнир дојде со резултат 14-7 на крајот.
Вечерва не очекува уште еден меч на турнирот, противник ни е екипата на РК Шампион од Скопје.