Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Стефан Чакалиќ: Верувам во овој млад состав и моите соиграчи кои се желни за докажување
Стефан Чакалиќ: Верувам во овој млад состав и моите соиграчи кои се желни за докажување

Стефан Чакалиќ: Верувам во овој млад состав и моите соиграчи кои се желни за докажување

Екипата на РК Вардар 2 стигна до својата втора победа во првата ракометна лига, откако беа подобри од новиот прволигаш, екипата на Партизан од Гевгелија. Црвено-црните во целост ја оправдаа фаворитската улога и победија со триесет голови разлика (44:14). Се функционираше на потребното ниво и без поголеми проблеми ја остваривме победата. Оваа млада екипа која ја предводи Зоран Петковски покажува завиден квалитет и одлично засега се снаоѓа во оваа лига, која е нешто ново за овие млади играчи. Уште на полувреме имавме високо водство од 24:7, најавувајќи го триумфот. Еден од најмладите играчи во оваа екипа е Стефан Чакалиќ кој го заврши дуелот со шест постигнати голови.

-Од играта сум задоволен, но секогаш може и подобро. Ова е наш втор натпревар во дебитанската сезона во првата ракометна лига и секако многу важен триумф за подигнување на самодовербата во наредните натпревари кои ни претстојат. Оваа сезона ја започнавме добро, иако со секој нареден натпревар притисокот и очекувањата се поголеми. Јас во тимот сум нов и како најмлад полека се вклопувам во играта која ја наметнува нашиот тренер Петковски. Ке дадам се од себе да допринесам за добрите резултати на екипата. Од овој состав секако го очекуваме најдоброто. Верувам во овој млад состав и моите соиграчи кои се желни за докажување, изјави Стефан Чакалиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски