Реваншите од осминфиналето во Купот на Република Македонија во фудбал беа првенствено закажани за на 12-ти октомври во среда. Сепак дел од нив добија друг термин одкако на 11 октомври се закажа мечот на младата македонска фудбалска селекција .
Дел од мечевите за екипите кој немаат играчи со репрезентативни повици ќе се одиграат на дванаести, а другите мечеви недела подоцна меѓу кој и дуелот на ФК Вардар. Ние во реваншот го пречекуваме кичевски ФК Влазерими кој на првиот меч во Кичево го победивме 1-3 (1-0). Во тој меч домаќините поведоа во 43 минута преку Хасан кој што стрелаше во мрежата на Алексовски. Сепак во вториот дел со два гола од пенал на Фелипе и деби погодокот на Стојчевски направивме пресврт 1-3. Според информацијата од фудбалската федерација мечот ќе се игра со почеток во 14 часот и 30 минути, а делегат е одреден Даме Матаничков од Дојран. Вардар веќе со едната нога е во четвртфиналето каде својот противник ќе го дознае после ждрепката која се одржува по завршување на секоја куп-рунда.