Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Во среда Вардар Јуниор гостува кај лидерот на табелата Охрид 2013 во рамки на 5.коло
Во среда Вардар Јуниор гостува кај лидерот на табелата Охрид 2013 во рамки на 5.коло

Во среда Вардар Јуниор гостува кај лидерот на табелата Охрид 2013 во рамки на 5.коло

Веќе задутре во среда по националниот празник 11 октомври на програмата е новото петто коло во машката Супер лига. Нашиот млад вардаров суперлигаш екипата на РК Вардар Јуниор во ова коло гостува кај екипата на РК Охрид 2013 .

Мечот е закажан за на 12-ти окотомври во среда во истоимениот град. Нашите домаќини се моментални лидери на табелата во машката ракометна Супер лига. Охриѓани имаат девет бода по четири кола исто како и битолските екипи  РК Пелистер и РК Еврофарм Работник и тимот на РК Прилеп 2010. Избраниците на Стојан Петрушевски тимот на Вардар јуниор викендов дојде до првата победа сезонава во елитата совладувајќи го РК Работнички на домашен терен. Во еден неефикасен меч во кој Тоше Ончев беше брилијантен со осум гола победивме 19-12. Во следното 6.коло сме домаќини на ГРК Борец во с.р.ц “Кале“ тим кој исто како и нас досега има една победа.